Алиоски: Имаме квалитет иако резултатите тоа не го покажуваат

by riste
1 минути читање

Македонија синоќа со убедливи 3-0 загуби на гостувањето кај Швајцарија во Луцерн, тоа беше осми меч во низ без да дадеме гол.

За разлика од претходните натпревари, Македонија одигра добро во првото полувреме, храбро се носеше против силниот противник, па од таму се црпи оптимизмот за во иднина.

Езгјан Алиоски го истакна токму тој дел од мечот.

„Тешко ни е по овој пораз. Покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да играме фудбал. Лесно е да се критикува, но селекторот им даде шанса на сите и мора да научиме каде грешевме. Сигурно е дека овој тим има квалитет, тоа го покажавме во првиот дел. Можеме да парираме со секого. Резултатот тоа не го покажува, но грешките против ваквите селекции се казнуваат. Не е лесно потоа да се вратиш, но важно е дека имаме верба и првите 45 минути треба да ни бидат водилка и пак ќе се вратиме во победнички ритам“, рече Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×