Капитенката на македонската женска фудбалска репрезентација, Наташа Андонова имаше јубилеј, стана првата Македонка со одиграни 50 натпревари во Лигата на шампионите.
Јубилејот на Анонова го истакнаа и од официјалните профили на женската Лига на шампиони.
Интересно, 50. натпревар македонската фудбалерка го одигра против својот поранешен клуб, Барселона која славеше со 6-0.
Покрај Барселона и Сервете, Андонова која кариерата ја почна во Тиквешанка го носеше дресот уште на Леванте, ПСЖ, Ал-Шабаб, Розенгерд…