Големи емоции: Меси го одигра последниот натпревар за Аргентина! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Лео Меси со победа над Бенин од 3-0 се прости од националниот дрес на Аргентина, имаше многу емоции во Буенос Аирес.

По 207 натпревари и постигнати 125 голови и 66 асистенции во дресот на Аргентина, Меси реши да се пензионира. На стадионот „Монументал“ се случи вистински спектакл во негова чест. Натпреварот беше прекинат во 10. минута кога целиот стадион со овации го поздрави Меси.

По завршувањето на средбата, емотивниот Меси со солзи во очите се збогуваше со навивачите.

„Болно е да знаеш дека повеќе нема да играш за репрезентацијата. Ви се колнам, го сакав ова. Да играш за репрезентацијата е нешто најубаво што може да ти се случи“, порача Меси.

Во рамките на дрон-шоуто организирано во чест на Меси, на небото најпрво се појави рекламна порака од спонзор, пред да започне делот посветен на легендарниот фудбалер. Потегот предизвика бројни негативни реакции, а на удар се најде претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз, Клаудио Тапија.

Навивачите ја обвинија федерацијата дека дури и прошталниот момент на Меси го претворил во можност за заработка.

Интересно, ова дополнително ги оживеа информациите дека Меси првично не сакал да игра на прошталниот натпревар токму поради стравувањата дека неговото име ќе биде искористено за голема комерцијална заработка. На крајот сепак прифатил да настапи, а Аргентина му приреди спектакуларно збогување.

Меси вечерта ја заокружи на најдобар можен начин откако учествуваше во сите три гола, со гол од пенал и две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×