Скандал ја одбележа пресметката меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако Винисиус Жуниор пријавил расистички навреди за време на натпреварот во Лисабон.
Инцидентот се случи по победничкиот гол, кога Џанлука Престијани го навредувал Бразилецот, по што Винисиус веднаш реагирал и се пожалил кај судијата. Два дена подоцна се огласи и Реал Мадрид, кој потврди дека доставил докази до УЕФА и активно учествува во истрагата.
„Реал Мадрид денес до УЕФА ги достави сите расположливи докази поврзани со инцидентите кои се случија на натпреварот против Бенфика. Нашиот клуб активно соработува во истрагата што ја покрена УЕФА поради неприфатливите расистички испади на кои бевме сведоци. Реал Мадрид ја цени поддршката што Винициус ја доби од фудбалската јавност и ќе продолжи да работи со институциите на искоренување на расизмот, насилството и омразата“, соопштија од клубот.
Сега се очекува конечната одлука на УЕФА, додека случајот повторно ја отвори темата за расизмот во европскиот фудбал.