За Реал дебитира 18-годишник, соиграчите му го потпишаа дресот – а татко му плачеше! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид со минимални 0-1 ја совлада Бенфика на гостувањето во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите и направи значаен чекор кон следната рунда.

Осумнаесетгодишниот Тијаго Питарч за првпат настапи за сениорскиот тим на „кралевите“. Младиот шпански играч од средниот ред во помладите категории настапуваше за Атлетико Мадрид, Гетафе и Леганес, пред да се пресели во академијата на Реал Мадрид.

Питарч помина низ кадетската, јуниорската и резервната екипа на мадридскиот гигант, а во изминатиот период неколкупати беше дел од составот на првиот тим. Тренерот Алваро Арбелоа му укажа доверба во финишот од мечот во Лисабон, па Питарч влезе во судиското продолжение на местото на Едуардо Камавинга и доби десетина минути на теренот.

По натпреварот следуваа емотивни моменти. Соиграчите му се потпишаа на дресот со кој дебитираше, а младиот фудбалер заврши во прегратка на својот татко, кој не ги сокри солзите по историскиот момент за неговиот син.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×