331
Фудбалската федерација на Турција со официјално барање до ФИФА и УЕФА. Во него се бара Израел да биде исклучен од сите натпреварувања, а како причина е поставена воената состојба во појасот Газа.
Претседателот Ибрахим Хаџиосманоглу нагласува дека фудбалот треба да биде симбол на пријателство и единство, а не простор за тензии. „Загрижени сме за незаконската и нехуманата ситуација во Газа“, стои во писмото до двете организации.
Ова не е прв ваков повик до Светската фудбалска федерација. Претходно слично барање доставија и Норвешка и Шпанија.