Oткако се одиграа плеј-оф натпреварите и познати се сите 36 екипи кои ќе учествуваат во Лигаата на шампионите енеска на програмата е ждрепката за најелитното фудбалско натпреварување.
Ждрепката за 34. издание на Лигата на шампионите е во терминот од 18:00 часот, а титулата ќе ја брани Пари Сен Жермен кој во минатата сезона го прегази Интер во битката за трофејот со 5-0.
Новитет во новата сезона ќе биде што за првпат ќе учествуваат шест клубови од една држава, бидејќи Енглија доби дополителни два места, едно порад УЕФА коефициентите и второто затоа што Тотнем ја освои Лигата на Европа.
Прв шешир:
ПСЖ, Реал Мадрид. Манчестер Сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона
Втор шешир:
Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж
Трет шешир:
Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија Прага, Бодо/Глимт, Олимпик Марсеј
Четврти шешир:
Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сент Жилоа, Карабах, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират
Првиот дел од Лигата на шампионите стартува на 16 септември, а се завршува на 28 јануари, наградниот фонд изнесува 3.317 милијарди евра.