106

Кевин Де Брујне се збогува со Манчестер Сити и наскоро ќе биде откриено кој ќе биде неговиот нов клуб, се верува дека е најблиски до потпис со Наполи.
Дефанзивецот на Наполи, Хуан Жесус се истрча со коментар на социјалните мрежи според кој може да се протолкува дека работата е завршена.
На објава на Де Брујне на неговиот Инстаграм профил, Жесус искоментира: „Те чекаме“.
Се верува дека наскоро преговорите ќе бидат завршени и Де Брујне официјално ќе стане играч на Наполи.