150
Женската фудбалска репрезентација на Швајцарија доживеа тежок пораз во пријателски натпревар од машкиот тим на Луцерн до 15 години, загубија со 7-1.
Мечот се играл зад затворени врати, а резултатот требало да остане тајна. Но фудбалер од Луцерн постирал слики на социјалните мрежи, па се дознале сите работи во врска со мечот.
Швајцарската женска репрезентација се подготвува за Европското првенство, па ова за нив е непријатен пораз ако се знае дека примија дури седум голови од 15-годишни момчиња.