Валверде се огласи по тепачката со Чуамени и објасни што се случувало на тренингот

by bojan
1 минути читање

Феде Валверде се огласи на социјалните мрежи откако заврши во болница по расправија со Орелиан Чуамени, Уругваецот вели дека не си размениле удари со Французинот а неговата повреда била резултат на случаен удар во маса.

Феде Валверде и Орелиан Чуамени се топ тема во фудбалска Шпанија, двајцата вчера имаа расправија на тренингот на Реал Мадрид, а денеска наместо да се помират, ги ескалирале недоразбирањата.

Медиумите попладнево пренесоа за тепачка во која подебелиот крај го извлекол Феде Валверде, кој изгубил свест и бил однесен во болница каде му била утврдена трауматска повреда на мозокот и препорака да одмори помеѓу 10 и 14 дена.

Феде Валверде вечерва се огласи на социјалните мрежи, вели дека во ниту еден момент не си размениле удари со Орелиан Чумаени, и неговата повреда била резултат на случаен удар во маса.

„Вчера имав инцидент со соиграч на тренингот, заморот и фрустрациите направија целата работа да стане поголема. Во нормала соблекувална, вакви работи се случуваат и обично се решаваат интерно, без да излезат во јавност. Но очигледно некој ја прошири приказната многу брзо, а бидејќи Реал Мадрид поминува сезона без трофеи и постојано е под притисок, од мува се прави слон“ – пишува во објавата на фудбалерот од средниот ред.

„Денес повторно дојде до расправија. Во текот на кавгата случајно удрив со главата во маса и си направив мала расекотина на челото, па морав да одам на рутински преглед во болница“.

„Ниту тој ме удрил мене, ниту јас него. Знам дека на многумина им е полесно да поверуваат дека сме се степале или дека се било намерно, но едноставно тоа не е точно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×