Ѓоко Хаџиевски се враќа во Бугарија!?

by riste
0 минути читање

Искусниот македонски фудбалски стратег, Ѓоко Хаџиевски, би можел да се врати во бугарскиот фудбал, тој е блиску до потпис со Локомотив Софија.

Бугарскиот клуб се раздели со досегашниот стратег Љубослав Пенев, а нашиот Хаџиевски е најсериозен кандидат за негов наследник.

Според информациите од бугарскиот медиуми, Македонецот треба да пристигне на завршни преговори со Локомотив Софија и ако завршат успешно тој ќе го преземе кормилото на овој клуб.

За 71-годишниот Хаџиевски, Бугарија е позната фудбалска средина, тој претходно таму работеше во ЦСКА Софија, Вихрен и Спартак Варна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×