Повеќе англиски медиуми пишуваат дека Мајкл Керик ќе добие отказ, а тоа може да се случи уште во текот на денешниот ден, се чини дека мечот против Астон Вила беше последен за него.
„Би-Би-Си“ пишува дека на вчерашниот состанок во Јунајтед не била донесена конечна одлука, но извршниот директор Омар Берада и директорот за фудбал Џејсон Вилкокс ќе им предложат на сопствениците Сер Џим Ратклиф и семејството Глејзер, Керик да биде отпуштен.
Клубот сака тренерската промена да се случи за време на репрезентативната пауза.
Еден од најсериозните кандидати за нов тренер е Маурисио Покетино кој има клаузула во договорот со САД дека може да раскине и да замине оттаму.
Други имиња кои се поврзуваат со Јунајтед се Еди Хоу, Јулијан Нагелсман и Антонио Конте.