Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен во пресрет на претстојното Ел Класико против Барселона, откако Федерико Валверде и Орелиен Чуамени нема да настапат на дербито.
Шпанските медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери влегле во жестока физичка пресметка за време на тренингот на „кралскиот клуб“, по што интервенирал и медицинскиот тим.
Најголема загриженост предизвикува состојбата на Валверде, кој, според информациите, добил силен удар во пределот на лицето и накратко имал проблеми со меморијата и ориентацијата. Лекарите му препорачале мирување и дополнителни прегледи за да се исклучат посериозни последици.
Поради инцидентот, Валверде нема да биде во комбинација за настап против Барселона, а заедно со Чуамени доби и суспензија од клубот.
Од Реал Мадрид потврдија дека против двајцата играчи се преземени дисциплински мерки, додека повеќе детали најавија по завршувањето на внатрешната истрага за случајот.