Јувентус го потврди Игор Тудор за тренер, стратегот стави потпис на договор до јуни 2027 и ќе има плата од 3 милиони евра по сезона.
„Старата дама“ реши да му укаже доверба на Игор Тудор и хрватскиот стратег да продолжи на кормилото на првиот тим.
„Пасија. Харизма. Духот на Јувентус. Три збора што совршено го опишуваат она што Игор Тудор го донесе во Јувентус откако го презеде кормилото на првиот тим кон крајот на мај – и тоа што ќе продолжи дао го прави во годините што следат“ – гласеше соопштението.
Игор Тудор стави потпис на договор до јуни 2027, со опција истиот да биде продолжен за додатни 12 месеци.
Како што пренесуваат медиумите, тој во иднина ќе има плата од 3 милиони евра по сезона, плус додатен 1 милион евра во бонуси.