Тотнем го најде наследникот на Постекоглу

by riste
1 минути читање

Сите беа шокирани од потегот на раководството на Тотнем да му даде отказ на Анже Постекоглу кој им донесе трофеј во Лига Европа и ги пласираше во Лигата на шампионите.

Навивачите на Тотнем уште се опоравуваат од шокот кој им го приреди клубот со тоа што му врачи на Постекоглу, а наскоро ќе добијат нов тренер.

Информациите од Англија велат дека нов тренер ќе биде Томас Франк, тој веќе се договорил со Тотнем.

Томас Франк од 2018 година па до минатата сезона беше тренер на Брентфорд и со голем успех го водеше овој клуб.

Се очекува во наредните денови Франк и официјално да биде промовиран во нов тренер на Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани