Судијата кој направи скандал во Англија призна дека е геј

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот премиерлигашки судија Дејвид Кут во претходниот период беше во центарот на вниманието откако доби отказ поради скандалозното видео на социјалните мрежи во кое го навредуваше Ливерпул и Јирген Клоп.

Подоцна во медиумите се појави и видео на кое Кут конзумира прашкаста материја и тоа за време на Европското првенство во обезбедено сместување од УЕФА.

Сега Кут повторно го привлече вниманието со признанието дека е хомосексуалец.

„Јас сум геј, но целиот живот ја криев својата секусална ориентација. Како судја криењето на емоциите беше корисно за мене, но како човек беше катастрофално. Во таква ситуаиццја се однесував и на начин на кој не сакав“, изјави Кут.

Кут призна и дека конзумирал кокаин, а тоа го правел поради сериозниот притисок.

„Кокаинот за мене беше бегство од реалноста, ми помагаше да заборавам на се што се случува“, призна поранешниот судија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани