Турскиот готвач Нусрет Гекче, познат како Салт Бае не беше пуштен на прославата на ПСЖ по повод освоената титула во Лигата на шампионите.
Нусрет знае бесрамно да се пика секаде, на минатото Светско првенство дури и го допре пехарот иако не смееше, но овојпат беше поинаку.
Тој сакаше да влезе на забавата на ПСЖ, но обезбедувањето не го пушти, го избрка и му рече дека не може да влезе внатре.
Нусрет демантираше дека бил исфрлен, но тешко дека некој ќе му поверува.
„Шпекулациите на социјалните мрежи дека Нусрет е избркан не се вистинити. Всушност, таму немаше забава и јас не бев повикан на некој настан. Само поминував и некој глумеше дека во позадина се случува нешто. Но, информациите дека сум бил избркан се неточни и тоа е атак на мојата репутација“, тврди Нусрет Гекче.
Нусрет е љубител на спортот и во неговите ресторани ги служел најголемите спортисти. Но, на многу од фановите им е преку глава од неговото однесување кое ги минува границите на пристојноста, како случајот со пехарот од СП во Катар.
Nusret yaka paça dışarı atılmış. Yapanın eline sağlık 😁pic.twitter.com/90xkbTAusd
— PIPS HUNTER (@PipsHunter_) June 1, 2025