Скапо ги плати скандалите: Еден од најпознатите светски судии денес работи како – доставувач!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот УЕФА и ФИФА судија, Дејвид Кут, кој судеше на натпревари од Европското првенство и Премиер лигата, денес работи како доставувач. Наместо со свирчето на фудбалските терени, деновите сега ги минува носејќи пратки на адреси низ Британија.

Британските медиуми пренесуваат дека еден брачен пар бил исклучително изненаден кога пред нивната врата се појавил човекот кој до неодамна беше дел од највисокото ниво на европскиот фудбал. Кут, кој беше во центарот на вниманието по неколку сериозни скандали, во ноември минатата година доби отказ.

Тој беше снимен како го критикува тогашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, а дополнителен удар врз неговата кариера беше објавата на видео-снимка каде се гледа како шмрка бел прав, само ден по натпревар на Европското првенство на кој учествуваше како ВАР-судија. По овие настани, неговата кариера во фудбалот заврши.

„Се обидувам да се вратам во нормала. Сакам повторно да најдам чувство на одговорност и смисла во секојдневието. Работата ме држи активен, но ова не го гледам како долгорочна кариера“, изјави Кут за британските медиуми.

Интересно е што токму навивач на Ливерпул го препознал додека му ја доставувал пратката и не пропуштил да му го спомене инцидентот со Клоп. Ситуацијата дополнително ја истакнува неочекуваната трансформација на животот на еден поранешен елитен арбитар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани