Скандал на српска телевизија: „Црномурестите фудбалери немаат концентрација повеќе од еден час“

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот југословенски репрезентативец Раде Богдановиќ се најде во центарот на вниманието поради контроверзниот коментар што го даде за време на анализата на Светското првенство на РТС.

Говорејќи за натпреварот меѓу Белгија и Иран, кој заврши без голови, Богдановиќ се осврна на исклучувањето на белгискиот дефанзивец Натан Нгои во второто полувреме. Фудбалерот заработи директен црвен картон во 66. минута поради прекршок како последен играч во одбраната.

Во анализата, Богдановиќ даде изјава која предизвика бројни реакции во јавноста, коментирајќи ги африканските и црномурестите фудбалери.

Не сум расист, но овие црнци немаат концентрација да издржат подолго од 60 минути. Играв со нив. Моравме да ги заштитиме нашите играчи и претходно за да не направат грешка, таков е модерниот фудбал. На ниво на Светското првенство, ова не треба да се случува“, изјави Богдановиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×