Серафимов: Мораме да го кренеме нивото на игра, против Црна Гора одиме на победа

by
1 минути читање

Фудбалската
репрезентација на Македонија во Анталија продолжува со подготовките за вториот
тест натпревар и пресметката против Црна Гора, избраниците на Милевски синоќа
беа блиску до победа против Молдавија, но примија гол во финишот и мораа да се
задоволат со реми.

„Натпреварот
против Молдавија беше тежок, знаевме дека противникот не е наивен. Постигнавме
гол на време, вториот дел го отворивме добро, имавме неколку шанси за 2-0, а
како не ги истористивме, се случи она непишано фудбалско правило и стигна казна“
– вели Никола Серафимов.

„Што поскоро
треба да го кренеме нивото на игра, мораме да останеме со ист фокус и концентрација
во текот на сите 90 минути. Не смее да ни се повторуваат истите грешки, поради
кои и во минатото сме останувале без бодови“.

Во понеделник,
Македонија ќе ги одмери силите со Црна Гора.

„Црна Гора е
поквалитетен противник, не очекува далеку тежок натпревар, но имаме уште два
дена за подготовки и одиме на победа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани