Ѓорѓиевски: Селекторот ќе најде начин како да дојдеме до позитивен резултат против Шкотска

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија го продолжува настапот во Лигата на нации, следен предизвик ни е Шкотска, меч кој го играме во петок во Глазгов.

Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски се надева дека ако добие шанса ќе ја искористи и ќе даде придонес за репрезентацијата. Тој е оптимист и верува дека следуваат подобри денови.

„Се надевам дека ако добијам шанса на натпреварите ќе имам свој придонес и се надевам дека ќе почнеме да одиме во нагорна линија како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја репрезентација и во секој клуб доаѓа некоја мала криза, но мислам дека е време да излеземе од таа криза и се надевам дека ќе биде се како што треба. Поискусните фудбалери во репрезентацијата веќе се во натпреварувачка форма и тоа мислам дека ќе се покаже на натпреварите против Шкотска и Словенија. Мислам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар, да се спротивставиме на Шкотска и да оствариме позитивен резултат“, вели Ѓорѓиевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×