2
Англиските медиуми веруваат дека Мајкл Керик нема да го дочека следниот натпревар и наскоро ќе добие отказ, но клубот претходно сака да го договори неговиот наследник.
Последните информации велат дека директорите на Манчестер Јунајтед преговараат со Маурисио Покетино.
Паралелно неговите агенти преговараат и со фудбалскиот сојуз на САД за раскин на договорот.
Преговорите се одвиваат во позитивна насока и се чини дека само прашање на време е кога ќе се случи тренерската смена.
Многумина се сомневаат дека Покетино може да го направи Јунајтед конкурентен за најголемите трофеи, но раководството на клубот верува дека тој е вистинскиот избор.