140
Реал Мадрид во овој летен преоден рок сакаше да ангажира уште еден напаѓач кој би бил замена за Килијан Мбапе, но работите се променија.
Младиот Гонзало Гарсија кој во минатата сезона настапуваше за вториот тим на Реал Мадрид, доби шанса на Светското клупско првенство и максимално ја искористи.
На трите натпревари од групната фаза тој даде два гола и имаше една асистенција притоа прикажувајќи сигурна и зрела игра.
Стигнаа пофалби за него од сите страни, а најважни беа оние од Чаби Алонсо. Тренерот и раководството на Реал се презадоволни од она што го видоа, па Гонзало Гарсија ќе биде прекомандуван во првиот тим на кралскиот клуб за наредната сезона.