РБ Лајпциг не се откажува од Елмас, ќе достави богата понуда за трансфер во јануари

by
1 минути читање

Елиф Елмас често
е дел од трансфер шпекулациите, голем број на клубови внимателно ја следат
ситуацијата на Македонецот, кој никако не успева да се нaметне како првотимец во
Наполи и покрај тоа што често добива пофалби за неговата сестраност.

Денешното издание
на Кориере дело Спорт вели дека РБ Лајпциг не се откажува од намерата да го
ангажира Елиф Елмас и ќе има нов обид за негов ангажман.

„Биковите“
оствариле контакт со Наполи и ги известиле дека се подготвени да одвојат 25 милиони евра,
односно 20 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Во меѓувреме,
Скај Италија брифира за повредата на Елиф Елмас, кој веќе го пропушти натпреварот против Каљари.

Македонецот има
проблеми со задната ложа, се очекува да паузира помеѓу 15 и 20 дена и на
терените да се врати следната година.

Останува да се
види дали тоа ќе биде во дресот на Наполи, или пак некој друг клуб, РБ Лајпциг
не е единствениот кој пројавува интерес за неговите услуги.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×