Рафиња: Јамал пред да отиде во Бразил ме праши дали ако му пише на Нејмар, тој ќе му врати!

by riste
1 минути читање

Ламин Јамал дел од својот одмор го помина во Бразил, а пред да замине се советувал со Рафиња.

Ламин Јамал за кратко време стана мега фудбалска ѕвезда, но очигледно уште не е свесен за тоа.

На одморот во Бразил тој дел од времето го мина со Нејмар со кого се забавуваше, но пред да замине не го познавал лично Бразилецот.

„Пред Ламин да одлета во Бразил ме праша: „Ако му пратам порака на Нејмар, дали ќе ми врати?“, Му реков дека ќе му врати. Мислам дека му вратил бидејќи ги видов двајцата заедно. Мислам дека на нивото кое го достигна Ламин, тој може да стапи во контакт со секој што ќе посака, па дури и со Нејмар“, открива Рафиања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×