Прв прекин во најава: Проблем пред мечот на еден од фаворитите на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Франција и Ирак на Светското првенство, кој се игра вечерва во Филаделфија, би можел да се соочи со неочекуван проблем поради временските услови.

Според најавите на метеоролозите, во текот на мечот се очекува силно невреме проследено со грмежи, што може да доведе до привремен прекин на средбата.

ФИФА пред стартот на турнирот воведе јасен безбедносен протокол за вакви ситуации. Доколку се регистрира удар на гром во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот веднаш се прекинува на најмалку 30 минути. За играта да продолжи, во текот на тој период не смее да има нови грмежи во близина на арената. Во спротивно, одбројувањето започнува одново и следува ново одложување.

Иако досега на шампионатот немаше прекини предизвикани од временски непогоди, прогнозите за Филаделфија отвораат можност Франција и Ирак да станат првите селекции чии меч ќе биде прекинат поради невреме. Натпреварот е закажан за 23:00 часот по средноевропско време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×