166
Чаби Алонсо ќе го има на располагање Килијан Мбапе за наредниот меч на Реал Мадрид, по паузата поради болест тој им се врати на тренинзите.
Мбапе во изминатите неколку денови се соочуваше со здравствени проблеми поради кои на кратко беше задржан и во болница.
Сето тоа сега е минато и тој им се враќа на тренинзите на Реал Мадрид.
Мбапе ќе може да настапи веќе од следниот меч за кралскиот клуб.
Реал Мадрид по две кола на Светското првенство има собрано четири бода, нареден меч им е дуелот против Салцбург.