Фудбалскиот свет и цела Португалија ги потресе трагичната вест за смртта на Диого Жота и неговиот брат, Андре, двајцата фудбалери загинаа во сообраќајна несреќа.
Претседателот на Фудбалската федерација на Португалија изрази сочувство и побара од УЕФА да има минута молка пред натпреварот на нивната женска селекција против Шпанија во рамките од Европското првенство за дами.
„Португалската фудбалска федерација и целиот португалски фудбал се целосно потресени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои ноќеска го загубија животот во Шпанија.
Многу повеќе од фантастичен фудбалер, со речиси 50 настапи за сениорската репрезентација на Португалија, Диого Жота беше извонредна личност, почитуван од сите соиграчи и противници, човек со заразна радост и вистинска референца во својата заедница.
Во мое лично име, како и во име на Португалската фудбалска федерација, изразувам најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Диого и Андре Силва, како и до Ливерпул ФК и ФК Пенафиел, клубовите за кои тие настапуваа.
Португалската фудбалска федерација веќе побара од УЕФА да се одржи минута молк пред почетокот на натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија, овој четврток, во рамки на Европското првенство за жени.
Изгубивме двајца шампиони. Заминувањето на Диого и Андре Силва претставува ненадоместлива загуба за португалскиот фудбал, и ние секојдневно ќе се стремиме да го одржиме нивното наследство живо“, се вели во соопштението.
Фото: X/selecaoportugal