Поранешен фудбалер на Ливерпул објави фотографии од неговата ќерка, фановите збудалеа! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Нил Мелор, неочекувано се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи и тоа поради објава посветена на неговата ќерка.

Мелор сподели неколку фотографии за да го честита 19. роденден на Никол, но објавата за кратко време предизвика вистинска бура од реакции.

„Среќен роденден на мојата неверојатна ќерка“, напиша Мелор во описот на фотографијата.

Во само 48 часа, објавата стана вирална и собра повеќе од 3,7 милиони прегледи. Коментарите не изостанаа, бројни фанови низ шега, му порачаа на Мелор дека би сакале да станат негови идни зетови.

Нил Мелор ја започна својата кариера во академијата на Ливерпул и за првиот тим дебитираше под водство на Рафа Бенитез во 2004 година. Навивачите и денес го паметат по фантастичниот гол против Арсенал во Премиер лигата.

По заминувањето од „Енфилд“, Мелор настапуваше за Престон Норт Енд и Шефилд Венздеј, а професионалната кариера ја заврши во 2012 година поради повреда на коленото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×