Поради високите температури резервите на Баерн не седеа на клупата! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

За време на мечот меѓу Баерн Минхен и Бенфика во Шарлот имаше температура од 36 степени, беше тешко да се игра.

За овој меч Компани направи повеќе замени, па на клупата беа и играчи како Хари Кејн.

Резервите на Баерн поради жешкото време не седеа на клупата за резерви, туку од соблекувалната го следеа дуелот.

Осминафиналниот меч против Фламенго Баерн ќе го игра во Мајами, а тоа е позитивно за Компани.

„Мечот со Фламенго во Мајами ќе биде тежок. Позитивната работа е што нема веќе да играме во Шарлот“, рече Компани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×