Погледнете ја реакцијата на Роналдо при последниот пенал на Португалија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо и на 40 години освои трофеј со репрезентацијата на Португалија, а колку му значеше може да се види од неговата реакција по последниот гол во пенал серијата.

Роналдо не само што освои трофеј, туку даде гол и во полуфиналето против Германија и во финалето против Шпанија.

Тој во финишот од регуларниот тек на мечот беше изваден од игра, па не учествуваше директно во пенал серијата туку ја следеше од клупа. Не ги гледаше пеналите на своите соиграчи, немаше срце за тоа, но видете ја неговата реакција по последниот пенал на Португалија по кој почна славјето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани