Од трансферот на Јан Диоманде во Реал може да загуби Барса, а да ќари Сити

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид е на добар пат да го ангажира младиот Јан Диоманде од РБ Лајпциг, а оваа зделка индиректно ќе има последици и врз Барселона, која може да остане без Феран Торес.

„Кралевите“ подолго време беа поврзувани со голем трансфер и ангажман на Мајкл Олисе, но очигледно ова лето Французинот е недопирлив, па Жозе Мурињо и Флорентино Перез се решија за план Б и ангажман на Јан Диоманде од РБ Лајпциг.

Се очекува двата клуба да си подадат рака за зделка преку 100 милиони евра, одредени извори велат дека сумата сосе бонуси би можела да се искачи и до 130 милиони евра.

Од оваа трансфер бомба, индиректно ќе има последици и врз Барселона.

Имено, ПСЖ целосно ќе се насочи кон Феран Торес откако остана со празни раце во битката за потписот на Јан Диоманде.

Шампионот на Франција сега силно ќе притисне за потписот на Шпанецот и се најавува трансфер вреден помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Од трансферот на Јан Диоманде може да ќари и Манчестер Сити, откако ПСЖ во знак на одмазда достави понуда за Родри.

Фудбалерот од средниот ред не е приоритет на „светците“ но тие на овој начин сакаат да го натераат Реал Мадрид да плати што е можно повеќе.

Се говори дека „граѓаните“ поставиле цена од 80 милиони евра поради големиот интерес, додека пак првичниот предлог на Реал Мадрид се очекува да биде помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×