Новинар му врати на Клоп: Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, оди играј падел, пливај…! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Јирген Клоп неодамна изјави дека Светското клупско првенство е најлошата работа која е измислена во фудбалот, неговото мислење предизвика различни реакции.

Реагираше и новинарот на „Скај Спортс“, Кавех Солхекол кој му порача на Јирген Клоп да прави други работи ако не му се допаѓа првенството.

„Не се сложуваат сите со Јирген Клоп. Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, не го гледај, секој може да прави што сака, можеш да играш падел, да одиш да пливаш, можеш да гледаш нешто друго на ТВ, можеби Нетфликс, оди на прошетка…“, беше дел од говорот на новинарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×