Нема понуди од Англија и Шпанија, не е привлечен од Турција… Што сега со Рафаел Леао?

by bojan
1 минути читање

До неодамна се чинеше дека Рафаел Леао е на излезна врата од Милан, но ситуацијата полека се менува и се поголеми се шансите Португалецот да остане на „Сан Сиро“.

Рафаел Леао во неколку наврати изјави дека е подготвен за нов предизвик, но на почетокот од август месец, Португалецот е поблиску до останување на „Сан Сиро“ отколку до трансфер.

Понуди од Англија и Шпанија не пристигнаа, додека пак преселба во Турција не го привлекува португалскиот репрезентативец.

Од подготовките на Милан во Перт пристигнуваат информации дека Рубен Аморим и Рааел Леао изградиле одличен однос, офанзивецот ужива во стилот на игра што го преферира тренерот, и се повеќе е отворен за можноста да остане во „црвено-црниот“ дрес.

Останува да се види дали ситуацијата ќе се промени до крајот на месецот, Милан бара 50 милиони евра плус бонуси за продажба, и во овој момент позајмица не е опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×