Еден клуб се крие зад шокантната одлука на Џеј Џеј Габриел да го напушти Јунајтед?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Атлетик, Реал Мадрид со месеци тајно преговарал за ангажман на бисерот на Манчестер јунајтед, Џеј Џеј Габриел.

15 годишниот Џеј Џеј Габриел, кој важи за најталентираниот играч во школата на Манчестер јунајтед, оваа недела ги шокираше „ѓаволите“ со барање за раскин на регистрацијата.

„Малиот Меси“ сака да стане слободен играч и да си одбере друг клуб, и во прв момент се говореше дека момчето се решило на еден ваков чекор поради неисполнети ветувања.

Но како што пренесува Атлетик, зад одлуката може да стои и Реал Мадрид, клубот од „Бернабеу“ со месеци работи на трансферот на Џеј Џеј Габриел.

Но поради неговата возраст и строгите правила кои важат за трансфери на малолетни фудбалери, целиот процес се одвивал во најголема трајност.

Џеј Џеј Габриел поседува и ирски пасош, па кога ќе наполни 16 години на почетокот од октомври, може да се пресели во некој европски гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×