Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан го мерка Алекс Скот од Борнмут како наследник на Лука Модриќ.
Лука Модриќ и понатаму игра на врвно ниво, но раководството на „росонерите“ е свесно дека Хрватот не е вечен, па се кројат планови за неговиот наследник.
Медиумите од Италија пренесуваат дека една од желбите е Алекс Скот од Борнмут, кој прикажува одлични партии, па се најде и во составот на Англија за натпреварите во Лигата на нации.
Но една ваква зделка воопшто не е лесна, Милан ќе треба да го собори сопствениот трансфер рекорд за да го ангажира Алекс Скот, неговата почетна цена е 80 милиони евра, а може да достигне и до 100 милиони евра.
Плус, конкуренцијата ќе биде жестока, Англичанецот подолго време е во бележникот на клубови како Челси, Ливерпул, Арсенал и Манчестер јунајтед.
ФОТО: X/AC Milan