Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, смета дека Лионел Меси заслужува да ја освои „Златната топка“.
Додека Килијан Мбапе и Ламин Јамал јавно се натпреваруваат во самопромоција, а од сенка ја чекаат својата шанса Хари Кејн, Родри и Усман Дембеле, малкумина сметаат дека Лео Меси повторно би можел да се најде на подиумот.
Диего Симеоне смета дека поради своето издание на Мундијалот, на кој повторно на својот грб ја однесе Аргентина до финалето, заслужил по последен, деветти пат да биде прогласен за најдобар во светот.
„Златната топка за 2026 година мора да му припадне на Лео Меси. Нема сомнеж. Со такви настапи на Светското првенство и тоа на тие години… немам ни најмала дилема – Лионел Меси“, изјави Симеоне.
Да потсетиме, Меси дури осум пати беше прогласуван за најдобар фудбалер во светот, а последен пат во 2023 година, откако во 2022 година го освои Мундијалот во Катар.