Репрезентацијата на Англија до 15 години ја совлада Боливија со 3-2 со гол од пенал во последните секунди од натпреварот на Светското првенство во Баку, но боливискиот голман, во знак на протест поради досудениот удар од белата точка, воопшто не се обиде да ја одбрани топката.
Судијата во 41. минута досудил пенал за Англија, откако бил соборен Емануел Фамокун, фудбалер на Вест Хем. Сепак, според снимките од натпреварот, контактот се случил надвор од шеснаесетникот. Фудбалерите на Боливија веднаш го опкружиле судијата, а на теренот влегол и член на стручниот штаб, кој му го покажувал местото на наводниот прекршок. Судијата им поделил неколку картони на членовите на боливискиот табор, но не ја променил својата одлука.
Во знак на протест, фудбалерите на Боливија се оддалечиле од шеснаесетникот при изведувањето на пеналот и застанале покрај аут-линијата. Голманот се потпрел на десната статива и му дозволил на Фамокун да ја испрати топката во спротивниот агол.
Веднаш по постигнатиот гол, судијата означил крај на натпреварот. Фудбалерите на Боливија иронично му аплаудирале, а еден резервен играч добил црвен картон откако се обидел да го нападне арбитарот. Фудбалерите на Англија веднаш притрчаа да го заштитат судијата, по што настанаа неколку физички пресметки меѓу играчите на двете репрезентации. Поради тоа, морале да интервенираат и официјалните лица на ФИФА.
England score a controversial last second uncontested penalty vs Bolivia in the U15s WC in Baku to win 3-2! England players and staff have to protect the referee! @EnglandAcad @England @EnglandAway66 @EnglandFootball https://t.co/wtClZLSQUL
— MARTYN DAUGHTERY (@DAUGHTS) October 30, 2026