Луис Суарез уште еднаш покажа дека годините се само бројка. Искусниот уругвајски напаѓач постигна фантастичен гол во ремито на Интер Мајами против Синсинати (2-2), потсетувајќи на најдобрите денови.
Иако во јануари наполни 39 години, Суарез сè уште располага со голгетерскиот инстинкт што го красеше во најдобрите денови од кариерата. По првото полувреме без голови, Уругваецот во 61. минута испрати вистинска мајсторија од далечина, со која го совлада голманот на Синсинати и му донесе водство на тимот од Флорида.
Се чинеше дека погодокот на искусниот голгетер ќе биде доволен за триумф на Интер Мајами, но гостите имаа поинакви планови. Кенџи Мбома Дем во 80. минута донесе израмнување, а само шест минути подоцна Самуел Гиди направи целосен пресврт за водство на Синсинати од 2-1.
Сепак, Интер Мајами не се предаде и во самиот финиш успеа да избегне пораз. Рикелме Филипи, кој влезе во игра во 83. минута, во 90. минута ја затресе мрежата на противникот и го постигна својот прв гол во дресот на клубот, носејќи му бод на својот тим.
LUIS SUÁREZ ARE YOU SERIOUS?! 🤯 A bar down beauty as @InterMiamiCF take the lead over Cincinnati! 📺 Watch on Apple TV: https://t.co/wTb6eH72Vo https://t.co/V5N5sjpYtx
— Major League Soccer (@MLS) October 29, 2026