Барса остана без првиот голман, познато е колку ќе паузира

by Стефан
1 минути читање

Барселона денеска доби лоши вести по синоќешниот натпревар од шестото коло во Примера, во кој тимот на Ханси Флик го декласираше Расинг Сантандер со 7:2.

Имено, голманот Гарсија се повреди на полувремето и тоа на прилично бизарен начин, откако се лизна, а медицинските прегледи потврдија дека првиот голман на Каталонците го повредил менискусот на десното колено.

Според првичните прогнози, тој ќе паузира околу три недели, па ќе го пропушти претстојниот натпревар против Севиља во сабота. Флик повторно би требало да го има на располагање по репрезентативната пауза.

Во меѓувреме, Шчесни ќе застане на голот на Барселона, додека Доминик Ливаковиќ кој пристигна летово е трет голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×