Незадоволството во Мадрид расте, поразот од Атлетико во градското дерби дополнително ги разгоре критиките кон „кралевите“ и сè погласно се бараат промени.
Иако доаѓањето на Жозе Мурињо и активностите на трансфер пазарот влеваа оптимизам, впечатокот во јавноста е дека тимот на Реал Мадрид не направил вистински исчекор, проблемите од минатата сезона и натаму се присутни.
Средниот ред тешко создава шанси, нападот не остава впечаток, а тимот делува инфериорно во однос на противниците кога станува збор за интензитет и ангажман
„Кралевите“ повторно во преден план ги ставија делењето на правдата и спорните одлуки, но, навивачите веќе не ги гледаат судиите како единствениот проблем, критиките се насочени кон играчите и Мурињо и се бараат три големи промени.
Најчесто споменувано име во критиките е Винисиус Жуниор. Се шпекулира дека и Мурињо почнува да го губи трпението со Бразилецот, кој игра под очекувањата и тоа само неколку недели откако стави потпис на нов богат договор.
Се погласни се барањата Јан Диоманде да биде прв избор на левата страна, додека Винисиус Жуниор би требало да се пресели на клупата.
Второто барање е вклучувањето на Бернардо Силва во стартниот состав, особено на големите натпревари. Португалецот се гледа како играч кој може да внесе креативност што му недостига на средниот ред.
На листата на барања е и поголема минутажа за Карлос Еспи. Шпанецот веќе двапати му донесе победа на тимот оваа сезона , против Еспањол и Елче, но и понатаму добива малку простор, против Атлетико не одигра ниту едена минута.