Еден клуб е во пол-позиција за потписот на Џеј Џеј Габриел!

by bojan
1 минути читање

Шпанија се посочува како следната дестинација на талентираниот Џеј Џеј Габриел, Реал Мадрид е пред Барселона во трката за потписот на бисерот на Маччестер јунајтед.

Одлуката на Џеј Џеј Габриел да побара раскин на регистрацијата со Манчестер јунајтед и понатаму ја бранува фудбалската јавност на “островото“.

Неговото потенцијално заминување би било сериозен удар за „ѓаволите“, дури може да се слушне споредбата дека неговото губење би било „како Барселона да го загубеше Меси во времето кога Аргентинецот беше тинејџер“.

Останува да се види дали Џеј Џеј Габриел некогаш ќе го достигне нивото на Аргентинецот, но европските гиганти очигледно веруваат дека младиот Англичанец има потенцијал да стане голема фудбалска ѕвезда, и речиси сите најголеми клубови на стариот континент се заинтересирани за него.

Како што пренесува весникот „Спорт“, најверојатната дестинација на Џеј Џеј Габриел е Шпанија.

Реал во моментов е најблиску до неговиот потпис, бидејќи понудата на „кралевите“ е нешто подобра од онаа на Барселона. Флорентино Перез не сака уште еден голем млад талент да му избега, па е подготвен сериозно да се ангажира за да го доведе Џеј Џеј Габриел во Мадрид.

Но, Барселона нема намера лесно да се откаже. Спортскиот директор Деко веќе се сретнал со агентот Али Барат, во обид да го убеди младиот Англичанец да се пресели на „Камп Ноу“.

„Каталонците“ сакаат да го привлечат со проект во кој Џеј Џеј Габриел би добил реална можност релативно брзо да стигне до првиот тим. Дополнителен адут е и стилот на игра на Барселона, кој одлично одговара на офанзивен фудбалер со профилот на младото момче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×