Трансфер промашувањето на Сити си призна: Поради парите се преселив во Саудиска Арабија!

by bojan
1 минути читање

Тиџани Рејндерс призна дека парите биле неговиот главен мотив за преселбата во Саудиска Арабија, вели дека не сака да работи ниту еден по крајот на кариерата.

Летото во 2025, Тиџани Ренјдерс пристигна во Манчестер Сити како големо засилување од Милан, но не се снајде на Етихад, па го напушти клубот по само 12 месеци.

Тој на големо изненадување направи трансфер во Саудиска Арабија, па иако во август велеше дека „амбицијата“ на Ал Кадсија е причината за неговата одлука, сега си призна дека финансискиот аспект бик клучен.

Се шпекулира дека Холанѓанецот ќе заработи околу 100 милиони евра во период од четири години.

„Трчам по парите? Не можам да кажам дека не е така. Кога ќе ми заврши кариерата, не сакам да работам ниту еден ден! Веројатно немаше да морам да работам ниту по крајот на договорот со Манчестер Сити, но овој трансфер ми овозможува да ја обезбедам иднината на следните генерации од моето семејство“ – вели Тиџани Рејндерс.

„Нема да лажам, парите се важни. Со овој договор можам да се погрижам дури и моите внуци да бидат финансиски сигурни“.

„Па зошто да не го направам тоа? Да, секако дека можете да бидете морален проповедник, но мислам дека секој би ја прифатил понудата која ја добив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×