„Ѓаволите“ внимателно го следат 15 годишниот Габриел Рајковиќ од Валеренга, младото момче може да биде потенцијална замена за Џеј Џеј Габриел.
Џеј Џеј Габриел важи за најталентираниот играч во школата на Манчестер јунајтед, но фудбалерот овој месец ги шокираше „ѓаволите“ со барање за раскин на регистрацијата.
Манчестер јунајтед сè уште се обидува да го убеди Џеј Џеј Габриел да остане, но тоа нема да биде лесно, неговото семејство, се сомнева дека „Олд Трафорд“ во моментов е вистинското место за неговиот фудбалски развој.
Тие сметаат дека Манчестер јунајтед во моментов е „далеку зад“ клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона, семејството сака Џеј Џеј Габриел да учи од најдобрите и за целосно да го реализира својот потенцијал, му е потребна средина која ќе му овозможи максимален напредок.
Во моментов не е јасно како ќе заврши оваа трансфер сага, но „ѓаволите“ веќе почнале да разгледуваат алтернативни опции доколку не успеат го задржат.
Се шпекулира дека на радарот на Манчестер јунајтед е новото чудо од дете од Норвешка.
Станува збор за Габриел Рајковиќ од Валеренга, кој со 15 години, 5 месеци и 15 дена е вториот најмлад стрелец во првенството на Норвешка, зад сегашниот капитен на Арсенал, Мартин Одегард од Арсенал, и далеку пред сегашната ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.
Извештаите велат дека ќе бидат потребни околу 20 милиони евра за негов ангажман, а и конкуренцијата ќе биде прилично жешка. Скаути на Барселона редовно го следат, исто како и скаути на Арсенал, Челси, Манчестер Сити и многу други клубови.