Мурињо за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид: Една работам можам да гарантирам…

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо се огласи по гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид, вели дека никој не му се јавил од таборот на „кралевите“.

Жозе Мурињо се посочува како една од опциите на Реал Мадрид за нов тренер, одредени извори дури велеа дека тој е прва желба на претседателот Флорентино Перез и двајцата веќе разговарале.

Па на денешната средба со новинарите, неизбежни беа прашањата за гласините кои ги поврзуваат со клупата на „кралевите“.

„Никој од Реал Мадрид не ми се јавил. Една работам можам да ви гарантирам, а тоа е дека никој не ме побарал“ – вели „специјалниот“.

„Долги години сум во фудбалот, исто како што вие долги години сте новинари, и навикнати сме на вакви работи… но нема никаков контакт со Реал Мадрид“.

Запрашан дали добил понуда од Бенфика за продолжување на соработката, тој вели: „Не можам да кажам ништо повеќе. Веќе кажав дека нема никаков контакт со Реал Мадрид, а што се однесува до Бенфика, ситуацијата е добро позната, имам уште една година од договорот и тоа е тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×