Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез е за враќање на Жозе Мурињо на тренерското столче на Реал Мадрид, претседателот веќе и му се јавил на португалскиот стратег.
„Кралевите“ ќе имаат нов тренер за сезоната 2026/27, низ медиумите кружат неколку имиња, а како што објави Атлетик, претседателот Флорентино Перез има свој фаворит и сака да го ангажира Жозе Мурињо.
Новинарот Флоријан Плетенберг пак објави дека Флорентино Перез веќе му се јавил на Жозе Мурињо и со денови се водат директни преговори.
Фабрицио Романо исто така имаше нов апдејт на оваа тема, и порача дека Жозе Мурињо е подготвен повторно да седне на жешкото столче на „Бернабеу“ и без проблем ќе каже ДА.
Тој додава дека агентот Жорж Мендеш веќе работи на една ваква зделка, и објаснува дека во договорот на „специјалниот“ со Бенфика има откупна клаузула која е вредна околу 6 милиони бруто и важи до последните денови од мај.