Минимална победа на македонските надежи против Гибралтар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Младата македонска репрезентација ја забележа втората победа во квалификациите, го совладавме аутсајдерот Гибралтар со минимален резултат.

Момците на Канатларовски добро се испотија за да дојдат до трите бода на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Во првото полувреме мрежите мируваа, Македонија имаше закани преку Лука Станковски и Абази, но не успеавме да постигнеме гол.

Работите се променија во вториот дел кога бевме значително подоминантни отколку во првите 45 минути.

По само седум минути игра во второто полувреме, Абази постигна гол со глава по едно нафрлување од корнер. Македонија поведе со 1-0. Тоа беше и конечниот резултат.

По пет одиграни натпревари Македонија има шест бода. Во следниот натпревар повторно сме домаќини, на 26. март ја пречекуваме селекцијата на Шведска, и тој дуел се игра на Арената „Тодор Проески“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани