Според информациите на италијанските медиуми, Милан уште не го објавува враќањето на Алегри затоа што допрва треба да му кажат на Консеисао дека е отпуштен.
Алегри беше снимен на состанок со раководството на Милан, претседателот Паоло Скарони, спортскиот директор Игли Таре и извршниот директор Џорџо Фурлани.
Двете страни си подале рака и договорот на Алегри е потпишан, но уште не е официјално објавен од страна на Милан.
Се работи за двегодишен договор со опција и за трета сезона, според кој Алегри ќе заработува пет милиони евра годишно плус два милиони евра во бонуси.
Договорот не е официјално објавен бидејќи од Милан уште не му кажале на Серџо Консеисао дека е отпуштен. Тоа се очекува наскоро да се случи.