По долги години празни обиди, ПСЖ конечно ја освои Лигата на шампионите и тоа во првата сезона без големи фудбалски ѕвезди.
Откако замина Мбапе минатото лето, ПСЖ се одлучи да оди по пат без фудбалски ѕвезди, првпат откако овие сопственици го превземаа клубот. Тоа вроди со плод.
Луис Енрике создаде фантастичен тим кој на крајот не само што ја освои Лигата на шампионите, туку тоа го направи како никој друг, со победа од пет гола разлика.
Но, Мбапе е голем џентлмен, меѓу првите му го честиташе историскиот трофеј на ПСЖ.
„Големиот ден конечно дојде! Победа со стил на целиот клуб. Честитки за ПСЖ“, напиша Мбапе.