Македонските надежи до 19 години обезбедија елитни квалификации за ЕП

by
1 минути читање

Во последното, трето коло од турнирот, Македонија одигра 1-1 со Казахстан, бодот беше доволен за да се освои второто место.

Казахстан имаше водство со гол на Мухаметканов во 25. минута, а Македонија преку Зенделовски на десет минути пред крајот дојде до реми.

Клучна за второто место се покажа победата над Полска во првото коло кога славевме над домаќинот со 2-0.

Германија го освои првото место со седум бода, Македонија и Полска имаат по четири, но ние сме втори поради победата во меѓусебниот дуел, Казахстан заврши последен со бод.

Следен предизвик за оваа репрезентација на Македонија се елитните квалификации преку кои се доаѓа до Европското првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×